Дома Трансфер зона Барса има план – Ова е начинот на кој ќе го „украдат“ Горецка пред ривалите!

Барса има план – Ова е начинот на кој ќе го „украдат“ Горецка пред ривалите!

Планот е јасен, сега веројатно се останува на играчот…

Леон Горецка на лето ќе го напушти Шалке и тоа како слободен играч. Баерн јасно стави до знаење дека го сака Германецот, дури и „Билд“ објави дека работата е скоро готова, но самиот играч тоа го демантираше и истакна дека има уште неколку понуди.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Подоцна се дозна дека во прашање е Манчестер Јунајтед, како и Јувентус, но и понатаму се верува дека гигантот од Минхен има предност.

Но, планот на Барселона е поинаков.

Тие се спремни на Шалке да му понудат 15 милиони евра клубот да го пушти Горецка шест месеци пред завршувањето на договорот. Јасно сакаат да го „украдат“ од пред носот на ривалите.

Горецка има 22 години, одигра десет натпревари за репрезентацијата на Германија и го сметаат за еден од најкомплетните фудбалери на новата генерација. За Шалке дебитираше на само 17 години и се набрзо се избори за место во тимот. Ги помина сите категории на репрезентацијата на Германија и на Барселона и  јасно дека на ваков начин можат да добијат фантастичен фудбалер.

Шалке веројатно ќе ја прифати понудата од 15 милиони евра, бидејќи на лето би го изгубил без никаква оштета, па сега се е на самиот играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…