Дома Трансфер зона Барса има „план Б“ ако не успее со Верати!

Барса има „план Б“ ако не успее со Верати!

Прва трансфер желба на Барселона во летниот преоден рок е италијанскиот плејмејкер, Марко Верати кој и самиот јавно соопшти дека сака да се пресели на „Камп Ноу“.

Верати веќе има договор со Каталонците кои нема да жалаат пари за да го донесат на „Камп Ноу“, но проблем е како да се убеди Пари Сент Жермен, кој не сака да слушне за продажба на својата ѕвезда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Верати го пристиска раководството на „светците“, Барса е спремна да плати повеќе од 80 милиони евра, но на крајот конечната одлука секако ќе ја донесе ПСЖ.

Поради тоа Барселона има „план Б“ за засилување на средниот ред. Каталонските медиуми пишуваат дека алтернатива на Верати е плејмејкерот на Јувентус и босански репрезентативец, Миралем Пјаниќ.

Барса беше заинтересирана за Пјаниќ уште кога играше во Рома, но тогаш Босанецот избра да се пресели во Јувентус за сума од 38 милиони евра.

Сега ќе биде многу потешко да се убеди Јувентус да го пушти Пјаниќ, но медиумите тврдат дека Барселона има „адут“ во ракавот и дека многу полесно може да дојде до Пјаниќ отколку до Верати кој останува прва желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва според последните информации ја игра последната сезон…