Дома Топ вести Барса има нов тренер – ова е неговата „црна листа“

Барса има нов тренер – ова е неговата „црна листа“

Ернесто Валверде наскоро ќе биде именуван за нов тренер на Барселона, а шпанските медиуми веќе ја објавија „црната листа“ со играчи на кои стратегот нема да смета следната сезона.

Спортскиот директор, Роберт Фернандез на седницата на Управниот одбор на Барселона ќе го претстави новиот проект кој веќе е договорен со Валверде, а во кој нема да има место за неколку фудбалери. Задно со новиот тренер ќе пристугнат и нови играчи на „Камп Ноу“ пренесува „Дарио Гол“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Прв кој ќе замине ќе биде дефанзивецот Жереми Матје, кој последната сезона добиваше мала минутажа, па иако има една година од договорот сепак клубот ќе го ослободи да си замине без обештетување.

Ова лето би можел да си замине и Хавиер Маскерано чии случај е „посебен“. Тој е голем пријател со Лео Меси, па Валверде е спремен да му даде шанса, но не како стандарден играч.

После дефанзивата ќе сладува „чистка“ во средниот ред, каде Арда Туран е прв на мета. Како и што беше објавено раководството веќе му порачало на играчот дека е слободен да бара нов клуб.

Место во тимот нема да има и за Андре Гомеш кој минатото лето пристигна од Валенсија, но одигра многу слаба сезона под водство на Луис Енрике. Додека Рафина е третио играч од средниот ред кој сигурно ќе го напушти клубот ова лето.

Под знак прашалник е останувањето во Барса и за Лукас Дињ, Алеиш Видал, Денис Суарез и Пако Алкасер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…