Дома Топ вести Барса има нова стратегија, ова се младите таленти кои се МЕТА на Каталонците!

Барса има нова стратегија, ова се младите таленти кои се МЕТА на Каталонците!

barcelona

На повидок нова „војна“ помеѓу Ливерпул и Барселона, овој пат не е Фелипе Кутињо во прашање…

Во склад со новата политика на подмладување на тимот, Барса и понатаму го сака Кутињо, но на мета на Каталонците се и неколку млади фудбалери кои би требало да внесат свежа крив и во наредните години да допринесат за мирна транзиција на тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од метите е Велашанецот од Ливерпул, Бен Вудборн. Клоп му даде шанса во Лига купот, „црвените“ му понудија нов договор, но се шпекулира дека Барселона започнала преговори со неговиот менаџер и дека сака да го доведе во вториот тим.

Вудборн размислува, во Ливерпул се нервозни, за разлика од случајот „Кутињо“ овде не можат да направат многу кога фудбалерот ќе стане полнолетен.

Барселона го сака и Бразилецот Линколн кој блеска на Светското првенство за играчи до 17 години. Се работи за фудбалер кој е најавуван како новото „чудо“ од Јужна Америка. Првата понуда од Барселона за овој фудбалер изнесуваше 30 милиони евра, но Фламенго истата ја одби без размислување.

Освен овие двајца, Каталонците ги сакаат Јулијан Вегл од Дортмунд, но и триото на Леверкузен, дефанзивецот Тах, Јулијан Бранд и Леон Бејли.

Стратегијата е јасна, тие се обидуваат за мала сума да доведат играчи кои што туку треба да експлодираат, односно да им порасне цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …