Дома Трансфер зона Барса до Арсенал: 30 милиони евра и тој е ваш играч!

Барса до Арсенал: 30 милиони евра и тој е ваш играч!

Како ќе одговори Арсен Венгер?

Познати се добрите односи помеѓу Арсенал и Барселона кои датираат уште од поодамна. Затоа и не треба да чуди што денес се појави веста дека Барселона го понудила Рафиња Алкантара на Арсенал за 30 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа беше информација која во јавноста ја пласираше „Скај Спорт“, кој секогаш е добро известен кога во прашање трансфер пазарот, посебно на Островот.

Освен тоа, не е прв пат Рафиња да се доведува во врска со Арсенал. Минатото лето исто така се шпекулираше за можен трансфер, но на крај тој не се случи, а минатиот месец се појавија и информации дека и Рафиња е сериозно заинтересиран за трансфер во лондонскиот клуб.

Венгер размислуваше за оваа опција, но прва опција на Французинот беше Александар Лаказет, кој пристигна во клубот.

Сега целата приказна е крената на повисоко ниво, бидејќи Ернесто Валверде даде зелено светло. Од Барселона на „Емирати“ пристигна писмо во кое се наведува дека Рафиња е на продажба и дека цената е 30 милиони евра.

Она што е мал проблем во целата приказна е тоа што Венгер не би можел да смета на Рафиња од стартот на сезона, бидејќи репрезентативецот на Бразил сеуште се опоравува од повредата на коленото.

Рафиња веќе изрази желба да ја напушти Барселона бидејќи сака поголема минутажа со што би добил загарантирано место во репрезентацијата за Мундијалот во Русија следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …