Дома Топ вести Барса во ПАНИКА: Нејмар со фотографија на Инстаграм ги исплаши Каталонците!

Барса во ПАНИКА: Нејмар со фотографија на Инстаграм ги исплаши Каталонците!

Тие веројатно одлично се забавуваат, но Нејмар сениор изгледа постигнал договор, а потоа фудбалерот предизвика големи контроверзии…

Нова страница во случајот Нејмар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека неговиот татко се договорил со ПСЖ и дека сумата изнесува 40 милиони евра по сезона. Ако ПСЖ ја плати клазулата од 220 милиони, Нејмар наводно заминува.

Вестите се менуваат со голема брзина и каталонските медиуми признаваат дека Барса е исплашена, Бартомеу разговарал со Нејмар и призна дека разговорот не поминал добро.

Бразилеците од ПСЖ, предводени од Дани Алвеш, го убедуваат Нејмар да им се придружи, а тој дополнително „крена прашина“ со фотографијата поставена на Инстаграм и на која изгледа како да размсилува. Наместо тоа Барселона очекуваше фудбалерот преку друштвените мрежи да ги демантира сите информации за негово заминување.

Но и понатаму постои проблем – финансискиот фер плеј! Како ПСЖ во наредните пет години ќе ги регулира трошоците за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот на никого не му е јасно. За тоа зборуваа и во Барселона, но Ал-Келаифи сигурно има некој план.

Што ќе се случи на крајот тешко е да се предвиди, ако навистина ПСЖ плати 220 милиони за Нејмар, Барселона ќе се насочи кон Кутињо и Дибала, но реално тоа се тешки мети, посебно Аргентинецот од Јувентус кого „бјаконерите“ не би го пуштиле ниту за 150 милиони евра.

Се споменува Мбапе, но наводно Монако одредил цена за својот бисер и таа изнесува 90 милиони евра.

 

 

?

A post shared by Nj ?? ? neymarjr (@neymarjr) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шведскиот репрезентивец кој беше во кома пуштен од болница, но се уште не може да оди и зборува

Шведскиот фудбалер Кристофер Олсон денеска ја напушти болницата во Копенхаген, откако мина…