Дома Топ вести Баерн се откажа од Санчез – спреми 50 милиони за ѕвездата на Атлетико!

Баерн се откажа од Санчез – спреми 50 милиони за ѕвездата на Атлетико!

Раководството на Баерн Минхен е спемно да понуди 50 милиони евра за крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Јаник Караско, пренесува „Екип“.

Примарна трансфер цел на Баварците ова лето беше Алексис Санчез, но поради фактот што не можат да постигнат договор со Чилеанецот раководството се срте кон други цели.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Карло Анчелоти му предложил на раководството дека идеално засилување на таа позиција би бил Јаник Караско, а Баварците веќе спремиле понуда од 50 милиони евра.

Сега останува да видиме како на оваа понуда ќе реагираат „јорганџиите“, а голема пречка во реализација на трансферот може да биде ембаргото кое го има Атлетико бидејќи нема да може да донесе негова замена.

Во секој случај Баерн сака во овој преоден рок да донесе еден крилен напаѓач од светска класа кој ќе биде замена за Даглас Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…