Дома Фудбал Останато Бабунски се прости од Црвена Звезда: 10 месеци без играње и плата!

Бабунски се прости од Црвена Звезда: 10 месеци без играње и плата!

Македонскиот репрезентативец, Давид Банунски реши да се раздели со Црвена Звезда и спогодбено го раскина договорот со српскиот шампион.

Бабунски преку социјалните мрежи испрати порака со која ја објасни неговата ситуација во Црвена Звезда и емотивно се прости од клубот и навивачите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„За сите Зведаши…

За да бидат избегнати недоразбирања и погрешни информации, одлучив да ја употребам социјалната мрежа како единствен начин преку кој ќе ги споделам со вас некои мои размислувања и емоции поврзани со мојата ситуација и заминувањето од Црвена Звезда.

Иако многумина ми сугерираа да не помислувам да дојдам да играм на овие простори по заминувањето од Барселона, одлучив да дојдам и да потпишам за Црвена Звезда и покрај тоа што имав други понуди. Одлука за која не сум жалел и никогаш нема да жалам.

Звезда беше идеалното место во кое сакав да се развијам како играч, да го развијам мојот фудбалски потенцијал и да направам важен скок во мојата кариера… Клубот ми понуди голем спортски проект и поддршка дека тоа ќе се реализира. Ми кажаа дека ќе бидам замена за Грујиќ и дека ќе бидам важен дел од иднината на клубот.

Како што може да се види, зборот не е одржан. Трпеливо чекав десет месеци, без играње, без плата и без ниту еден прекршок направен од моја страна. Работев професионално и се однесував коректно.

Но, дојде денот кога мораше да реагирам.

Имав состанок со челниците на клубот и отворено ја објаснив мојата ситуација. Искрено им кажав дека сум среќен што сум дел од овој клуб, во кој се заљубив веднаш. Меѓутоа, видов дека не напредувам фубалски, дека губам време во чекање шанса и дека морам да донесам одлука во врска со тоа, затоа што увидев дека други играчи добиваа повеќе шанса, а јас не. Од сите играчи кои дојдоа во јануари и јуни 2016, мислам дека само јас не добив права шанса.

Благодарен сум што лидерите на Звезда ја разбраа мојата ситуација бидејќи тие најмногу инсистираа јас да дојдам, но ми кажаа дека тренерот е тој што го има последниот збор и тоа е логично и коректно.

Со тренерот немам ниту пак сум имал некаков проблем. Гроф е една забавна личност! Не зборува многу со играчите, особено не со оние кои не играат многу и оние на кои не смета. За време на престојот во Звезда ниту еднаш не добив некое објаснување од него, или некоја инструкција околу системот на игра, или што он би сакал да одиграм…

Кога го прашував која е причината за малата минутажа… секогаш велеше „Нема проблеми. Се е супер. Само продолжи така. Задоволен сум од твојата работа и наскоро ќе ти дадам шанса да играш“. Го прашав дали тоа значи неколку натпревари во серија или само последните 15 минути. Ми кажа дека ќе ми даде шанса да играм на два-три меча во континуитет.

И тие два или три не цели натпревари е максималниот континуитет кој го имав во Црвена Звезда. Ако на овие натпревари, плус уште некоја мала минутажа на други средбим требаше да направам нешто екстра, како на пример да издриблам 3-4 фудбалери и да дадам гол или да асистирам, тогаш нема што повеќе да се зборува. Тогаш, се што направив во Звезда е фијаско. Имаше други играчи кои покажаа исто колку мене па можеби и помалку, но добија континуитет од 10-15 меча во низа. Сите кои дојдоа имаа најмалку 6-7 меча во низа, јас ниту послем добри игри (на пример дуелот со Металац) не бив ниту на клупата на следните пет средби. Која е причината за ова? Непозната. На последниот меч тренерот повика 17 фудбалери, иако бев тука не добив повик. Тоа беше јасен знак дека треба да го променам клубот…

Не можам да го обвинувам тренерот, тој има свои идеи, освои титула, а на пат е да освои и нова. Но кога еднаш ми даде инструкции „Бабуне, немој како оние твоите Чави, Иниеста или Меси да играш двојни додавања преку средина. Додавај ја топката на страна, во простор…“, сфатив дека мојот начин на игра воопшто не се вклопува во неговата фудбалска визија. Нема проблем, и тоа се случува во фудбалот! Можам да се адаптирам, но тешко е за кракто време драстично да го променам стилот кој сум го учел 10 години во Барселона, каде на ист начин учеле Иниеста, Меси, Чави…

Искрено, не го разбрав моето мало присуство на теренот, а ниту пак го разбраа и моите соиграчи, дури и младинците кои тренираа со нас беа изненадени зошто не играм како и навивачите и новинарите.

За крај, од срце сакам да им се заблагодарам на сите навивачи….

Добив неверојатна поддршка од вас и покрај тоа што немав многу шанса да се докажам на теренот. Сакам да знаете дека до самиот крај моја прва опција беше да останам тука за да ви се оддолжам на укажаната доверба. Во последно време бевте мојот единствен кислород. Но клубот не направи НИТУ ЕДЕН напор за да останам…. Штета, сигурен сум дека заедно ќе направевме големи работи… Звезда е голем клуб, а има потенцијал да биде уште поголем.

Голема благодарност до сите оние кои секојдневно ми испраќаа пораки со поддршка… Благодарност до сите оние кои рекоа дека повеќе нема да одат на стадион затоа што јас не играм, но ве молам да ја промените одлуката, и вратете се одново да ги бодрите моите соиграчи затоа што многу од нив играат поради вас. Им благодарам на сите мои соиграчи кои ми помогнаа да се чуствувам феноменално уште од првиот ден. Ова е искуство кое ме збогати и никогаш нема да го заборавам.

Благодарам, Звездо!!!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фелипе Мело со жесток коментар за Робињо и Алвеш: Ако тоа се случеше на мојата ќерка, денес не би бил тука

По случаите на силување на бразилските фудбалери, Робињо и Дани Алвеш, се огласи и Фелипе …