Дома Останати АТП листа: Ѓоковиќ падна на четвртото место, Мари сеуште прв!

АТП листа: Ѓоковиќ падна на четвртото место, Мари сеуште прв!

Објавена е новата АТП листа на која најмногу промени има во првите пет места. Енди Мари сè уште е светски број 1, иако не успеа да ги одбрани бодовите од ланското финале на Ролан Гарос.

По гренд слемот во Париз, најблиску до Марej е Рафаел Надал, кој на Ролан Гарос испиша нова страница во историјата на тенисот откако стана првиот тенисер кој освоил двоцифрен број титули на еден од четирите гренд слем турнири.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трет на АТП листата е Стан Вавринка, која ја задржа својата позиција, а на четвртото место се наоѓа Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос (елиминиран во четвртфиналето од Доминик Тим) и првпат по октомври 2009 година се најде на четвртото место.

Ѓоковиќ првпат по март 2011 година не се наоѓа на првото или на второто место на АТП листата.

Веднаш зад Ѓоковиќ е Роџер Федерер, кој има само 860 бодови помалку и можно е до Вимблдон да го престигне српскиот тенисер.

Шести во светот е Милош Раониќ, а на седмата и осмата позиција рокада направија Марин Чилиќ и Доминик Тим. Во Топ 10 уште се и Кеи Нишикори и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…