Дома Фудбал Асенсио побара, Реал одговори: Клазула од пола милијарда евра, но тоа што тој го бара парите не можат да го купат!

Асенсио побара, Реал одговори: Клазула од пола милијарда евра, но тоа што тој го бара парите не можат да го купат!

За само неколку месеци примањата на Асенсио се зголемија за четири пати, но би можел да добие и повеќе, но како што самиот фудбалер истакна, парите за него не се приоритет…

Марко Асенсио од денес има нов договор, трет за две години, од кога пристигна во Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, Флорентино Перез го исполни ветеното, неодамна ја зголеми неговата плата на 3.5 милиони евра по сезоната и му ја подигна клазулата на 300 милиони евра.

Но, сега Асенсио бара нови преговори, во прашање е минутажата која ќе ја има, но тоа беше пред одличните настапи во Суперкупот против Барселона.

Одговорот на Реал беше јасен, нов договор до 2022 година и клазула од пола милијарда евра. Според новиот договор момчето од Мајорка за само неколку месеци ќе добие четири пати поголеми примања од оние што ги имаше.

Како што самиот Асенсио истакна дека парите за него не се приоритет, туку минутажата.

„Во овој момент не е до парите, до минутите е, парите не може да ти побегнат, а и ова што го заработувам е сосема доволно. Јас не сум човек кој размислува за тоа, сакам да играм фудбал. Кога го споменуваат ПСЖ, не сакав ниту да разговарам, едноставно не е тоа за мене, јас избрав поинаков пат во мојата кариера“, изјави Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …