Дома Трансфер зона Арсенал нема да може да ја одбие оваа понуда за Алексис Санчез

Арсенал нема да може да ја одбие оваа понуда за Алексис Санчез

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез веќе со недели се наоѓа во центарот на вниманието кога станува збор за трансфер шпекулациите.

Алексис долго време се поврзува со трансфер во Манчестер Сити, но Арсенал ја одби можноста да го продаде овој напаѓач на ривалскиот клуб. Меѓутоа, јасно е дека се големи шансите Алексис ова лето да го промени клубот, но најверојатно кариерата ќе ја продолжи надвор од Англија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите на Островот објавија дека на адресата на „Топџиите“ пристигнала нова понуда за овој напаѓач. Алексис сака во ПСЖ кој е подготвен да му понуди на овој напаѓач договор од соништата. Наводно, ПСЖ е подготвен да плати 70 милиони фунти за Алексис, а Чилеанецот неделно во Париз да заработува дури 400.000 фунти.

Многумина веруваат дека Арсенал нема да може да ја одбие понудата бидејќи Алексис има договор уште до крајот на сезоната. Доколку Санчез остане и следната сезона во Арсенал јасно е дека следното лето како слободен играч ќе го напушти „Емирати“. Сигурно дека лондонскиот клуб не сака бесплатно да го пушти својот најдобар играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…