Турчинот е на чекор до голем трансфер.
Најдобриот играч на Баер Леверкузен, Хакан Чалханоглу е на чекор од трансфер во Премиер лигата. Како што пренесуваат турските медиуми, Челзи и Арсенал се во трка за одличниот играч за врска, кој веќе неколку сезони блеска во Бундеслигата.
Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓
Хакан Чалханоглу порано беше поврзуван со неколку англиски клубови, а Турците пишуваат дека сега Челзи и Арсенал се сериозно заинтересирани.
Арсенал мора да размислува на живот без Месут Озил, кој речиси сигурно ќе го напушти клубот, а Арсен Венгер смета дека Турчинот би можел да биде адекватна замена.
Од другата страна, Анониот Конте мора да ја засили конкуренцијата во средниот ред, бидејќи следната сезона потребна им е поголема конкуренција поради враќањето во ЛШ.
Откупната клаузула за Чалханоглу изнесува 40 милиони евра.