Дома Трансфер зона Арапите пронајдоа начин – Еве како Нејмар ќе заврши во ПСЖ!

Арапите пронајдоа начин – Еве како Нејмар ќе заврши во ПСЖ!

Пред три сезони не им успеа, но сепак ова е нешто поинаку, во прашање се маркетиншките права, клубот изгледа нема да биде сопственик на Нејмар…

Изгледа дека работите навистина се завршени, Нејмар повеќе никој не може да го убеди, тој или неговиот татко сеедно одлуката е донесена, го очекуваме најголемиот трансфер во историјата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последната мисија на Суарез и Меси пропадна, а останува само да се види како ПСЖ ќе го „изигра“ финансискиот фер плеј.

Веќе беа во вакви ситуации, тоа беше единствената надеж на Барса дека нема да го изгубат Бразилецот, но еве што ќе направи ПСЖ.

Тие ќе потпишат посебен спонзорски договор помеѓу сопственикот, семејството Ал-Тани или подобро кажано Катар и Нејмар, кои би ги делеле маркетиншките приходи. Тоа би бил и дел од платата на Баразилецот, а договорот би бил претставен како промоција на Катар од страна на еден од најпопуларните спортисти во светот.

Дали тоа е легално?

Во слична ситуација, УЕФА одби да го признае како приход на клубот договорот со туристичка организација од Катар кои ПСЖ го претставуваше како спонзорски договор и кој изнесуваше 200 милиони евра по сезона.

Сега „Орикс Катар Спорт“, инвестициониот фонд на Катар би можел практично да плати 222 милиони евра, а тоа не би се сметало како инвестиција во ПСЖ. Иако неофицијално управуваат со клубот, тие со никакви документи не се поврзани со францускиот клуб и едноставно би биле сопственици на Нејмар како бренд кој би го промовирал Мундијалот во 2022 година во оваа арпска земја.

Сето тоа е комплицирано и прилично матно, финансискиот фер плеј има 10 точки, ПСЖ беше казнет со 22 милиони евра пред три сезони, покрај тоа наредната сезона им беше дозволено да потрошат само 55 милиони евра, но и во Лигата на шампионите имаа право да регистрираат само 21 играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …