Дома Фудбал Германија Анчелоти: Лајпциг? Парите не се најважни за успех!

Анчелоти: Лајпциг? Парите не се најважни за успех!

Лајпциг е најпријатно изненадување оваа сезона во Бундес лигата, па на почетокот на сезоната никој не претпоставуваше дека дуелот од 16-то коло против Баерн ќе биде меч помеѓу првиот и вториот на табелата.

Тренерот на Баварците, Карло Анчелоти смета дека парите не се секогаш пресудни за успех и дека во фудбалот многу поважна е организацијата и мотивацијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Парите не се најважна работа за успех во фудбалот. Парите се важни, но многу поважна е организацијата, мотивацијата и атмосферата која се создава во клубот“.

„Лајпциг игра машки фудбал, со јак ритам, но ние мораме да ја играме нашата препознатлива игра без оглед на протувникот. Имаме свој стил, ја контролираме играта и играме исто без разлика на карактеристиките на противникот“, истакна Анчелоти.

Баерн кој е лидер на табелата утре го пречекува Лајпциг во рамките на 16-то коло од Бундес лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…