Дома Топ вести Анонимец го запре Меси, но не му го побара дресот поради една причина!

Анонимец го запре Меси, но не му го побара дресот поради една причина!

Размената на дресово е вообичаена работа во професионалниот фудбал. Најдобрите фудбалери секогаш имаат барање од противниците за размена на дресови, а тоа особено важи за Лео Меси.

Меѓутоа, Пабло Мафео, играч од Манчестер Сити на позајмица во Џирона веројатно стана првиот фудбалер кој немаше желба да го размени дресот со Меси, бидејќи на пријателот му го ветил дресот од еден друг фудбалер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатиот викенд Барса гостуваше кај Џирона и славеше со 3:0, а Мафео на тој натпревар имаше исклучиво една задача – да го чува најдобриот фудбалер на светот. И успеа во тоа! Меси мне постигна гол, па дури и му оддаде признание на младиот играч на начинот на кој го запре.

„Цел ден си со мене, ха?“ му рече Меси на Мафео.

„Ти си најдобар на светот. Нема шанси да те напуштам“, му одговори 20-годишниот стопер.

„Кога го чувате Меси морате да размислувате за него како нормален човек кој има две нозе и две раце. И морате константно да бидете концентрирани. Една секунда му е доволна да постигне гол“, изјави Мафео после натпреварот и објасни зошто не го разменил дресот со Меси.

„Меси е најдобар на светот, но му ветив на мојот пријател дека ќе му го донесам дресот на Марк тер Штеген. Пријателите сепак ми се поважни од Меси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …