Дома Фудбал Останато Англичаните го враќаат сјајот во Лигата на шампионите – Овие резулати се ДОКАЗ!

Англичаните го враќаат сјајот во Лигата на шампионите – Овие резулати се ДОКАЗ!

Се шегуваа на нивна „сметка“, Кристиано Роналдо во текот на летото изјави дека немаат никакви шанси да стигнат до полуфиналето, но на стартот од Лигата на шампионите работите изгледа полека се менуваат или ако сакате се враќаат…

Англиските клубови оваа сезона изгледаат многу подобро во Лигата на шампионите. Секако, ова е само групна фаза, но тие како да даваат знаци на освежување.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во судирот на лидерите во Премиер лигата и Серија А, Манчестер Сити го совлада Наполи со 2:1.

„Не може многу подобро од ова. Наполи е еден од најдобрите тимови кои сум ги видел во кариерата“, изјави Пеп Гвардиола.

Од друга страна Сари изјави дека е горд на своите фудбалери бидејќи Сити во овој момент според него е посилен од Реал и Барса.

Да продолжиме понатаму, Тотенхем вчера одигра 1:1 против Реал Мадрид на „Бернабеу“, место каде што „кралевите“ ретко губат бодови“, со оглед на расплетот во оваа група „петлите“ како и Сити се блиску до обезбедување пласман во следната фаза. Имаат големи шест бода предност во однос на Дортмунд. Во следното коло го пречекуваат Реал, ако не изгубат на домашен терен ќе бидат чекор поблиску до пласманот во нокаут фазата.

Тука ја додавме и „седмицата“ на Ливерпул во Марибор, после две нерешени средби тимот на Клоп ги наполни Словенците, а за две недели повторно ги очекува нов дуел овој пат на „Енфилд“. Во последните три кола на Ливерпул му се потребни две победи за да го обезбеди пласманот во следната фаза.

Челзи и Јунајтед своите натпревари ги играат вечерва. „Сините“ ова натпреварување го отворија со две победи, а помеѓу нив беше и победата против Атлетико на гостински терен. Сега ги очекува двомеч со Рома, ако слават вечерва во Лондон изгледа на големо ќе си ја отворат вратат за пласман помеѓу најдобрите 16.

Јунајтед како и Челзи има две стартни победи и се големи фаворити за пласман во нокаут фазата, а вечерва играат против Бенфика во Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…