Дома Останати Американците го тужат Армстронг за 98 милиони долари!

Американците го тужат Армстронг за 98 милиони долари!

Ленс Армстронг не успеа пред судот да издејствува да биде отфрлена тужбата на американската Влада вредна 98,5 милиони долари.

Ленс Армстронг, човек кој на многумина им беше херој се до моментот кога призна дека користел допинг, поради што му беа одземени сите седум титули на Тур де Франс, а тој доживотно суспендиран од спортот, се обиде но не успеа да издејствува да биде отфрлена тужбата која против него ја покрена американската Влада.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спорот на Владата на САД и Армстронг „вреди“ 98,5 милиони евра, сума која велосипедистот ја добил во текот на кариерата најмногу од спонзорските договори. Инаку тужбата која ја поддржа Владата на САД, во 2013 година, ја покрена поранешниот тимски колега на Армстронг, Флојд Ландис.

Во тужбата се наведува дека Армстронг со своите лаги ги измамил јавноста и спонзорите, кои во времето на неговата најголема слава водеа вистинска војна за да добијат можност да вложуваат пари во него и неговиот тим.

„Владата изнесе цврсти докази дека Армстронг ги криел информациите за користење на допинг во тимот, а тие се важни кога се носат одлуки за спонзорство. Судот не го прифаќа барањето на Армстронг тужбата да биде отфрлена“.

Инаку, US Postal на име на спонзорски договори, на тимот на Армстронг, во периодот од 2000 до 2004 година исплатил околу 33 милиони долари, но американската Влада тврди дека направената штета е многу поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…