Дома Фудбал Италија Алегри потврди: Останувам во Јувентус!

Алегри потврди: Останувам во Јувентус!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри стави крај на шпекулациите и потврди дека ќе остане во клубот и во наредната сезона.

„Сакам да останам, но мораме да седнеме и да поразговараме. Раководството ќе реши кога е вистинското време за разговор. Тоа сигурно нема да биде оваа недела. Сега сите мислиме само на Кардиф“, изјави Алегри.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус оваа сезона ја освои шестата титула во низа, триумфираше во Купот на Италија, а на 3.јуни го очекува финалниот меч во Лигата на шампионите.

„Со триумф во Кардиф ќе ја крунисаме нашата тригодишна работа. Мораме да се сконцентрираме на тој светски настан, кој според интересот на медиумите може да се спореди со американскиот Супербол“, заклучи Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …