Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри отворено за финалето: Ова не е крај на една ера, овој Јуве и наредната сезона ќе биде силен!

Алегри отворено за финалето: Ова не е крај на една ера, овој Јуве и наредната сезона ќе биде силен!

Тренерот Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека ерата на оваа генерација на Јувентус не е завршена. 

Јувентус беше импресивен во првиот дел, но во вториот на теренот како да истрча друг тим, а не оние 11 кои стартуваа за „старата дама“, кога тоа ќе се случи клуб како што е Реал Мадрид секако знаеше како да го искористи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Фудбалот е непредвидлив. На пример, шутот на Пјаниќ од првиот дел по ништо не се разликуваше од оној на Касемеиро, но Бразилецот ја погоди мрежата. Некои ситуација не ги решивме на начин како што требаше. На 1:2 требаше да останеме мирни, бидејќи сигурно ќе стигневме до шанса да погодиме. Мораше да продолжиме да гриземе, но не бевме способни да направиме такво нешто. Премногу се истрошивме во првиот дел“.

„Играчите заслужуваат комплименти. Самото учество во финалето од Лигата на шампионите е важно, нас ни останува да се надеваме дека оваа генерација ќе има повеќе среќа. Не им беше лесно. Дибала го играше своите прво финале во Лигата на шампионите, а Серхио Рамос одлично ја одработи маркацијата. Бевме одлични во првото полувреме, но тоа е фудбалот. Морате да знаете кога да убрзате, а кога да успорите. Кога станува збор за црвениот картон на Квардадо, ништо не му кажав, иако секогаш на вакво ниво е важно да останете со 11 играчи на теренот“.

„Оваа ера на Јувентус апсолутно не е завршена. Буфон и понатаму ќе биде наш прв голман, Брзаљи еден од поважните играчи, управата на клуб знае што ни е потребно за да напредуваме. Малку ќе се одмориме, а потоа ќе продолжиме напред, бидејќи и понатаму сме мотивирани. Животот ви овозможува после секој пораз да застанете на нозе. Следната сезона Јувентус ќе биде повторно одличен во Лигата на шампионите“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…