Дома Фудбал Италија Алегри во одбрана на првата ЅВЕЗДА: Го споредувавте со Меси, а сега НЕ ви одговара!

Алегри во одбрана на првата ЅВЕЗДА: Го споредувавте со Меси, а сега НЕ ви одговара!

alegri

Maсимилијано Алегри застана во одбрана на во овој момент првата ѕвезда на Јувентус, Паоло Дибала.

Очекувано, Дибала ужива огромна доверба кај Алегри, иако промашуваше пенали на последните два натпревари, а со тоа „старата дама“ изгуби четири бодови.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Секогаш е потребно да пронајдете рамнотежа помеѓу она што го посакувате и она што навистина се случува. После првите неколку кола го споредувавте со Меси, а сега од еднаш не ви одговара затоа што промашил два пенали. Ова се нормални моменти во развојот на еден голем играч каков што е Паоло“, изјави Алегри.

Потоа ги потсети италијанските новинари дека самите си паѓаат во „замка“ кога известуваат за Дибала.

„Сите грешите во врска со него бидејќи после хет-трикот против Сасуоло премногу го воздигнувавте, а потоа го фрливте во депрасија после натпреварот против Лацио. Јас го гледам на друг начин и знам дека е силен и психички и физички. Ќе биде се во ред“.

За крај Алегри потврди дека Дибала и понатаму ќе биде прв изведувач на пеналите.

„Ме прашувате дали Дибала ќе продолжи да ги изведува пеналите? Секако! Тоа апсолутно нема да се промени“, заврши Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…