Дома Фудбал Репрезентации Алармот се вклучи – Аргентина може да го пропушти Мундијалот!

Алармот се вклучи – Аргентина може да го пропушти Мундијалот!

Аргентина уште еднаш ги разочара своите навивачи и го забележа третиот пораз во последните пет квалификациски натпревари со што во прашање го доведе својот пласман на Мундијалот во Русија.

„Гаучосите“ во 14-то коло, во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на СП во Русија загубија во Ла Паз од Боливија 2:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Боливија заедно со Венецуела е најслабата јужноамериканска репрезентација, без шанси за пласман на СП, но сепак успеа да ја победи Аргентина 2:0.

Боливија ја забележа третата победа во квалификациите и се наоѓа на претпоследното место на табелата. Хуан Арсе во првото и Марсело Морено во второто полувреме го совладаа Серхио Морено, по грешките на дефанзивецот на Виљареал Ронкаља.

Аргентина по овој пораз падна на петтото место на табелата, кое носи бараж за пласман на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…