Дома Фудбал Англија Агуеро: Се борам да останам во Сити!

Агуеро: Се борам да останам во Сити!

Серхио Агуеро синоќа остави најдобар впечаток во спектакуларната победа на Манчестер Сити над Монако од 5:3 во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Напаѓачот кој минатите сезони беше незаменлив, оваа сезона падна во втор план кај Гвардиола, но повредата на Габриел Жесус го „врати“ Агуеро во стартниот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Како што и секогаш сум кажувал, сакам да останам во овој клуб. Мојата намера е да останам, но ќе одлучат тренерот и раководството на клубот. Среќен сум што вечерва тренерот ми даде шанса и што можев да покажам што знам. Добро се согласувам со Гвардиола, тој секогаш бара повеќе од сите играчи“, изјави Агуеро.

Во првото полувреме голманот на Монако го сруши Агуеро во казнетиот простор, но наместо пенал судијата му покажа жолт картон на напаѓачот.

„Ме закачи по ногата, но такви работи се случуваат. Судијата ми рече дека не сакал да ми покаже жолт картон поради симулирање, но се случува. Понекогаш не се согласуваш со нокои одлуки, но мораш да ги почитуваш. Овој дуел секако не е уште решен, во реваншот ќе биде многу тешко“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …