Дома Топ вести Агентот предизвика лавина: Борбата за Марко Верати може да почне!

Агентот предизвика лавина: Борбата за Марко Верати може да почне!

Агентот на Марко Веарти крена голема прашина во медиумите со својата изјава и најави заминување на Италијанецот од Пари Сент Жермен.

Верати е желба на многу европски гиганти, а неговиот агент тврди дека е уморен од освојување само на француската лига и дека е спремен за нови предизвици во кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Марко сака да победува, не сака неговата кариера да биде обележана само со трофеи од Лига 1. Верати сака и дава се од себе да победи со ПСЖ, но доколку не успее во тоа ќе побара нов предизвик. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави агентот на Верати.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Јувентус се спремни да платат огромна сума на пари за да го вратат Верати во Италија.

„Интер е голем клуб кој се стабилизираше со новите спонзори, додека за Јуве веќе сите добро знаеме. ПСЖ во овој момент не сака да ги продава своите ѕвезди, но Марко сигурно одлично би се вклопил во овие два тима“, истакна агентот.

Сепак на Интер и Јуве нема да им биде лесно да дојдат до потписот на Верати бидејќи за него силен интерес покажуваат и Реал Мадрид, Барселона, Баерн и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…