Дома Македонски спорт Мак баскет АБА лигата пресече: Петгодишна суспензија за Карпош Соколи

АБА лигата пресече: Петгодишна суспензија за Карпош Соколи

Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи во наредните пет години нема да може да се натпреварува во ниту едно натпреварување кое е во организација на Јадранската кошаркарска организација, одлучи АБА лигата на вчерашното Собрание во Белград.

Според официјалниот правилник на АБА лигата за сезоната 2016/2017; Карпош првично доби парична казна од 12.000 евра, поради изјавите напретседателот на клубот Огнен Дедиќ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според АБА лигата со навредливите изјави упатени кон челниците на лигата тој го нарушил имиџот на АБА лигата и нејзините спонзори.

„Поради сериозноста на прекршокот клубовите на Собранието одржано на 24.07.2017 година одлучија Карпош Соколи да се казни со петгодишна забрана за учество во сите натпреварувања кои ги организира Јадранската кошаркарска асоцијација“, стои во соопштението кое АБА го објави по Собранието на клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…