Дома Останати Кошарка НБА Џордан го посочи проблемот кој ќе ја „убие“ НБА лигата

Џордан го посочи проблемот кој ќе ја „убие“ НБА лигата

0

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, не е фан на ерата на супер-тимови во НБА лигата.

Џордан изјави дека моментната распределба на силите во НБА-лигата им одговара само на мал број тимови.

„Гледајќи од натпреварувачка страна, мислам дека на НБА лигата ќе ѝ биде нанесена штета. Ќе имаме еден или два тима што ќе бидат брилијантни, а другите 28 ќе бидат ѓубре. Ако не, ќе имаат проблеми да преживеат во деловното окружување“, изјави Џордан.

Последните неколку сезони во лигата доминираат Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс, а комисионерот Адам Силвер проба да најде решение за овој „проблем“.

„Луѓето сакаат да гледаат супер-тимови, и од финансиски аспект не би требало да ме загрижува нивното формирање. Но сакам да го ограничиме формирањето на супер-тимови поради компетитивноста на регуларната сезона, за да имаме поинтересни и неизвесни натпревари“, изјави Силвер.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In НБА

Проверете

Огромен СКАНДАЛ – Две олимписки шампионки силувани, откриваат се до детали!

Со скандалозни изјави во медимите излегоа две поранешни олимписки шампионки. Светската гим…