Дома Фудбал Англија Џерард и Гвардиола го расплакаа: Емотивно испраќање на легендата!

Џерард и Гвардиола го расплакаа: Емотивно испраќање на легендата!

35 секунди
0
3,224

Легенда е збор кој се користи пречесто и многу лесно, но за Чаби Алонсо, фантастичниот играч за врска кој играше за повеќе европски гиганти и освои се што можеше да се освои, тој збор најдобро ги опишва неговите играчки и човечки квалитети.

За неговите фудбалски квалитети можевме да се увериме сите во изминатите петнаесетина години. Во тој период беше златен стандард во светскиот фудбал кога станува збор за играчите на негова позиција.

Што се однесува за неговите човечки квалитети, сите соиграчи на Чаби, тренери и соработници ги потврдуваат зборовите на Румениге кои ги кажа пред два месеци, кога Шпанецот најави крај на кариерата.

„Сакам да му се заблагодарам на големиот играч и човек кој феноменално го претставуваше Баерн на теренот, но и надвор од него. Чаби Алонсо е гигант. Во кариерата освои се, но тој е фантастична личност, фудбалски џентлмен“, изјави Румениге.

Затоа Баерн кој ја има честа да биде последниот клуб во неговата богата и трофејна кариера на клупската телевизија му приреди емотивно простување.

Нормално, Чаби беше главна ѕвезда и гостин, но клубот му приреди две големи изненадувања. Во живо во програма се вклучија неговиот бивши соиграч Стивен Џерард, со кого играше во Ливерпул и Пеп Гвардиола.

„Каква посебна кариера, каков фантастичен фудбалер. Мојот најдраг соиграч во кариерата, најдобар додавач со кого сум играл. Пријателу, ги заслужуваш сите почести кои ги освои, имаше неверојатна кариера. Љубоморен сум на тебе бидејќи имаш медал за светски шампион, љубоморен сум бидејќи имаш титули шампион на Шпанија и Германија, но ти сето тоа го заслужуваш повеќе од било кој друг. Не можев да побарам подобар соиграч во Ливерпул од тебе, а кога замина ми се скрши срцето. Секогаш ќе имаш посебно место во нашиот клуб и секогаш си добредојден“, беа зборовите на Џерард кои ги расплакаа Алонсо.

„Ти благодарам што имаше храброст да дојдеш во Минхен, каде заедно поминавме две години. Едвај чекам да те видам како водиш свој тим како тренер. Убеден сум дека ќе го земеш најдоброто од сите неверојатни тренери со кои си работел и се што си научил од соиграчите. Ти посакувам се најдобро и ти благодарам што имав чест да работам со тебе. Уживај во одморот, но знам дека за половина година ќе бидеш очаен и ќе чекаш да започнеш тренерска кариера. Те чекам покрај аут-линијата“, му порача Пеп.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Англија

Проверете

Одлични вести за „нероаѕурите“ – Интер пред продолжување на соработка со еден од најдобрите!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, управата на „нероаѕурите“ наскоро би можела да…