Дома Фудбал Останато Јаневски: Подобриот тим победи, да извлечеме лекција од овој пораз

Јаневски: Подобриот тим победи, да извлечеме лекција од овој пораз

Како и што се очекуваше, во салата за прес конференции веднаш по Роберто Манчини, зборуваше тренерот на црвено-црните Чедомир Јаневски кој беше дочекан со аплауз и покрај високиот пораз.

„Кога ќе примиш гол после само пет минути игра, против тим каков што е Зенит е навистина тешко да се вратите во натпреварот. Ова не беше наш ден, не успеавме да ја играме нашата игра, брзо примивме и втор гол. Немавме решение за денес одличните Кокорин и Џуба, наши најдобри моменти од натпреварот сметам дека беа првите петнаесетина минути од второто полувреме, но тогаш повторно, на наша грешка примивме нов погодок. Ова беше натпревар во кој подобриот тим победи, но се надевам дека овој пораз ќе послужи како лекција да бидеме подобри во следните натпревари. Пред нас се уште пет натпревари во кој мораме да покажеме подобра организација во нападот и одбраната“, изјави Јаневски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јаневски потоа зборуваше за новите засилувања и заминувањето на Стефан Спировски.

„Дојдов во момент кога тимот веќе беше формиран, новите засилувања немаа време за адаптација, проблемот со Максимов веќе ви е познат. Спировски имаше желба да замине и ние не сакавме да му стоиме на патот, по што немавме доволно време да доведеме соодветна замена.

 

Вардар следниот натпревар во Лигата на Европа го игра на 28 овој месец, на гостински терен против тимот на Розенборг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…