Дома Останати Ѓоковиќ објави кој ќе му биде главен тренер!

Ѓоковиќ објави кој ќе му биде главен тренер!

0 секунди
0
699

Новак Ѓоковиќ нема да ангажира нов тренер, туку од 2017 на местото главен тренер ќе се врати Словакот Марјан Вајда.

Новак Ѓоковиќ самиот стави крај на шпекулациите околу наследникот на Борис Бекер. Негов главен тренер повторно ќе биде Марјан Вајда, кој со српскиот тенисер започна да работи во 2006 година, а пред три години местото му го препушти на Бекер, но не го напушти стручниот штаб на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на својот профил на Фејбук постави фотографија од Монте Карло на која покрај него се Вајда, Миљан Амановиќ и Гепхард Фил Грич, односно стручниот штаб кој не се менува речиси една деценија. На фотографијата се наоѓа и Пепе Имас, кој беше во центарот на вниманието во изминатиот период.

„Нова година, нови цели, нова енергија! Благодарен сум и им се радувам на предизвиците. Поздрав од тимот на Ѓоковиќ, се гледаме во Доха“, напиша Ѓоковиќ.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останати

Проверете

Мекинро: Агаси може да му помогне на Новак, има брилјантен тениски ум!

Легендарниот Џон Мекинро во разговор за медиумите истакна дека малку го изненадило тоа што…