Дома Фудбал Англија Шпанецот ја запре доминацијата на Де Геа: Ерера играч на сезоната во Манчестер Јунајтед

Шпанецот ја запре доминацијата на Де Геа: Ерера играч на сезоната во Манчестер Јунајтед

0 секунди
2
1,090

За најдобар играч на Манчестер Јунајтед во сезоната 2016/17 е прогласен Андер Ерера.

Во анкетата на навивачите, Ерера е избран за најдобар играч на „Црвените ѓаволи“ во тековната сезона, додека Антонио Валенсија заврши на второто, а Ибра на третото место.

„Голема е честа да се освои оваа награда. Доколку ја видите листата на играчи кои ја освоиле оваа награда, тогаш ќе сватите колку е важно ова“, изјави Ерера за МУТВ.

Претходно оваа награда три пати ја освои Де Геа, но Ерера успеа да ја прекине таа доминација на својот сонародник.

„Секако, исто така го запрев Де Геа, но повторно трофејот останува кај Шпанците“, додаде Херера со насмевка на лицето.

Манчестер Јунајтед оваа сезона ќе ја заврши на 6. место во Премиер лигата, а единствено нешто што може да биде добро од оваа сезона е освојувањето на Лигата на Европа.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Англија

Проверете

Барселона добива силна конкуренција: Реал, Челси и Арсенал, кој ќе исплати прв 40 милиони?

Младиот стопер на Ница, Маланг Сар зимата првпат се најде во центарот на вниманието на Бар…