Дома Македонски спорт Мак ракомет Шишкарев останува во Вардар и следната сезона!

Шишкарев останува во Вардар и следната сезона!

0 секунди
0
404

Десното крило на Вардар, Данил Шишкарев останува во клубот најмалку уште една сезона откако постигна договор за продолжување на соработката.

Данил Шишкарев во Скопје дојде во 2014 година и настапот во Вардар му е прво интернационално искуство. Претходно, тој настапуваше во Русија, во екипите на Чеховски медведи и на Зарја Каспија Астрахан.

Со „црвено-црните“ веќе освои две шампионски титули во Македонија, а се закити и со трофејот од СЕХА лигата, а денес Вардар информираше дека го продолжил договорот на уште една сезона.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

И покрај триумфот во Талин, Соколите се збогуваа со Лигата на шампионите

Карпош Соколи во Талин триумфираше против Калев со 81:78, но тоа не им помогна да ја минат…