Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар: Не ветувам ништо, но нема одиме на СП со бело знаме!

Червар: Не ветувам ништо, но нема одиме на СП со бело знаме!

2 секунди
0
500

Македонската ракометна репрезентација, вечерва ќе отпатува за Франција, каде на 11-ти јануари ќе започне Светското првенство.

Селекторот Лино Червар во Франција носи 19 ракометари, од списокот последни отпаднаа Мартин Велковски и Ласко Андоновски.

„Стартната позиција не е ветувачка, не сакам да бидам погрешно разбран, но ние на СП не одиме со бело знаме. Мило ми е што противниците нѐ гледаат како аутсајдери во групата заедно со Ангола. Не треба да се создава притисок врз играчите бидејќи во тимот имаме голем број на дебитанти“, истакна Червар и додаде:

„Со ова Светско првенство започнува четири годишниот циклус, создаваме една нова репрезентација која може да го оствари сонот, Македонија да игра на Олимписки игри“.

Червар најавува дека репрезентацијата е подготвена за плитка и длабока дефанзивна формација, а во нападот, во зависност од ситуацијата во нападот Македонија ќе игра со шестмина или седуммина без голман.

„Задоволен сум како игравме во контролните натпревари. Ракометарите го прифатија она на што секогаш инсистирам дека репрезентацијата е поголема од секој поединец. Задоволен сум од агресивноста која ја покажуваме во одбраната. Во одбраната можеме да одиграме плитка зона 6-0, но и длабока 5-1“, рече Червар.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Осминафиналето обезбедено: Со Шпанија само тренинг пред Исланд!

Благодарение на првите две победи на Мундијалот и синоќешното реми меѓу Словенија и Тунис,…