Дома Фудбал Англија Хари Кејн направи нешто што им успеало само на „легендите“

Хари Кејн направи нешто што им успеало само на „легендите“

0 секунди
0
1,534

Одличниот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн на синоќешниот натпревар против Лестер (1:6) постигна дури четири гола.

Благодарение на тоа, Кејн стигна до бројка од 26 гола во сезоната и се искачи на првото место на листата на стрели во Премиер лигата, пред Лукаку (24).

Покрај тоа, Кејн направи нешто што досега им успеало само на најголемите легенди кои настапувале во Премиер лигата.

Кејн стана петтиот играч во историјата на Премиер лигата (од 1992.) кој има постигнато повеќе од 25 гола две сезони по ред. Претходно тоа го имаат направено играчи како Роби Флауер, Алан Ширер, Тиери Анри и Робин Ван Перси.

Минатата сезона, Хари Кејн сезоната ја заврши како прв стрелец во Премиер лигата со 25 гола пред Џејми Варди (24), а на добар пат е и оваа сезона да го повтори тој голем успех.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Англија

Проверете

Барселона добива силна конкуренција: Реал, Челси и Арсенал, кој ќе исплати прв 40 милиони?

Младиот стопер на Ница, Маланг Сар зимата првпат се најде во центарот на вниманието на Бар…