Дома Останати Авто Мото Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

2 секунди
0
581

Британскиот возач Луис Хамилтон од Мерцедес оствари најдобро време на квалификациите за Големата награда на Абу Даби, последната трка од сезоната во Формула 1.

На патеката „Јес Марина“, Луис Хамилтон беше три десетти делови од секундата побрз од клупскиот колега од Мерцедес и водечкиот во генералниот пласман во првенството, Германецот Нико Розберг, додека трет е Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул.

За британскиот возач ова е 61-ва „пол позиција“ во кариерата и 12-та оваа сезона остварувајќи предност пред решавачката трка во недела во 14 часот, во којашто ќе се обиде да ги надомести 12-те поени заостанување зад Германецот.

Хамилтон ќе стане шампион доколку во недела победи, а Розберг не се пласира меѓу првите тројца возачи. Розберг во Абу Даби може да ја прослава својата прва титула, додека за Хамилтон би била четврта.

Од четвртото позиција на патеката „Јес Марина“ ќе стартува Кими Рајконен од Ферари, по него Себастијан Фетел, исто така, од Ферари.

Шести е Макс Верстапен од Ред Бул, седми Нико Хулкенберг од Форс Индија а осми е неговиот клупски колега Серхио Перес. Фернандо Алонсо од Мекларен-Хонда е деветти, десетти е Фелипе Маса од Вилијамс

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Авто Мото

Проверете

Богдановиќ трејдуван во Вашингтон!

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ е нов играч на Вашингтон Визардс, тим кој се н…