Дома Останати Фоњини заработи условна грен слем суспензија во наредните две години

Фоњини заработи условна грен слем суспензија во наредните две години

0

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини може да заработи суспензија на два гренд слем турнири доколку направи голем прекршок во 2018 и 2019 година, откако беше казнет за непристојните коментари кон судијката на САД опен.

30-годишниот Фоњини ја нарече шведската судијка Луис Енгцеле курва при поразот во првото коло на Флешинг Медоуз, за што првично беше казнет со 24.000 долари, а сега добива дополнителна казна од 96.000 долари.

„Г-динот Фоњини ќе биде суспендиран од учество на два гренд слем турнири, од кој еден ќе биде на УС опен, доколку направи прекршок во следните две години“, се вели во соопштението на бордот на гренд слем турнирите.

Фоњини веќе се извини за инцидентот, и најави дека нема да се жали на одлуката.

„Се извинувам на сите. Не само на судијката, туку на сите кои се почувствуваа навредени, во прв план на жените. Јас сум татко, оженет, имам мајка и сестра и никогаш не сум бил сексист. Направив грешка“, изјави Фоњини.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе A. V.
Load More In Останати

Проверете

Огромен СКАНДАЛ – Две олимписки шампионки силувани, откриваат се до детали!

Со скандалозни изјави во медимите излегоа две поранешни олимписки шампионки. Светската гим…