Дома Фудбал Англија ФОТО: Арсенал ја направи тимската фотографија, но на неа недостасува еден играч

ФОТО: Арсенал ја направи тимската фотографија, но на неа недостасува еден играч

0 секунди
0
1,067

Играчите на Арсенал вчера имаа заедничко сликање за новата сезона, меѓутоа еден играч го пропушти традиционалниот обичај.

Санти Казорла го пропушти сликањето, наводно, доби дозвола од клубот да не биде дел од фотографијата за да може да отпатува во Шпанија на закажаната средба со лекар. Шпанскиот интернационалец кој од месецот октомври е надвор од терените, се проближува кон завршната фаза од неговото закрепнување по операцијата на зглобот.

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека Казорла најверојатно ќе се врати на почетокот на 2018. година. За да му помогне во неговото закрепнување, Венгер му дозволил на Казорла да се врати во Шпанија за да го посети докторот.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Англија

Проверете

Погодува, но и ТРЧА: Кој претрча најмногу во Леванте? Погодувате- ЕНИС БАРДИ!

Леванте во ликот на Енис Барди има вистински „бисер“ во своите редови, вчера бевме сведоци…