Дома Останати Федерер тешко до третото коло во Шангај

Федерер тешко до третото коло во Шангај

0

Роџер Федерер потешко од пчекувањата го совлада Аргентинецот Диего Шварцман со 7:6 и 6:4 и се пласираше во третото коло.

Шварцман направи брејк во шестиот гем од првиот сет за неочекувано водство против Федерер, но Швајцарецот врати веднаш и спаси уште две брејк-топки за да го добие сетот со 7:4 во тај-брејкот. Следен противник за Федерер е Украинецот Александар Долгополов.

Мастерс турнирот во Шангај исто така потврди дека контроверзниот Австралиец Ник Кирјос е казнет со 10.000 долари и со одземање на наградниот фонд од турнирот по контроверзното неспортско повлекување против Американецот Стив Џонсон.

Кирјос едноставно си замина од теренот откако го загуби првиот сет во тај-брејк, откако претходно на судијата на столче му најави дека ќе си замине ако го загуби сетот.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останати

Проверете

Огромен СКАНДАЛ – Две олимписки шампионки силувани, откриваат се до детали!

Со скандалозни изјави во медимите излегоа две поранешни олимписки шампионки. Светската гим…