Дома Останати Федерер и Надал без проблеми во четвртфинале во Шангај

Федерер и Надал без проблеми во четвртфинале во Шангај

0

Роџер Федерер лесно го совлада Украинецот Александер Долгополов за пласман во четврт-финалето на Мастерсот во Шангај првпат од 2014 година.

Швајцарецот славеше со 6:4 и 6:2 во меч кој траеше точно еден час и на тој начин се пласираше во четвртфиналето каде за противник ќе го има подобриот од пресметката меѓу Ришар Гаске и Жил Симон.

Претходно, светскиот рекет број 1, Рафа Надал, го декласираше Италијанецот Фабио Фоњини со 6:3/6:1 за да обезбеди дуел со Бугаринот Григор Димитров, кој со 6:3 и 7:6 го совлада Сем Квери.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останати

Проверете

Огромен СКАНДАЛ – Две олимписки шампионки силувани, откриваат се до детали!

Со скандалозни изјави во медимите излегоа две поранешни олимписки шампионки. Светската гим…