Дома Фудбал Останато Уништена статуата на Меси во Буенос Аирес!

Уништена статуата на Меси во Буенос Аирес!

16 секунди
1
1,156

Статуата на аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси во центарот на Буенос Аирес е скоро целосно уништена од непознати злосторници во текот на вчерашниот ден.

Од скулптурата се отсечени главата, рацете и горниот дел од телото, потврдија аргентинските медиуми.

Статуата беше поставена кон крајот на јуни, неколку дена по поразот на „гаучосите“ од Чиле во финалето на Копа Америка во САД, а Аргентинците со овој гест сакаа да го „натераат“ Меси да ја промени одлуката за повлекување од националниот тим.

Според вестите од Аргентина веќе започнала поправката на скулптурата на петкратниот освојувач на „Златната топка“.

Проверете

Ова не е игра за црвен, ова е игра за в затвор (видео)

Симус Колмен од Република Ирска доживеа стравична скршеница после пеколниот старт на Нил Т…