Дома Фудбал Останато УЕФА го суспендира Партизан на една година!

УЕФА го суспендира Партизан на една година!

0 секунди
0
666

Српскиот фудбалски гигант Партизан, со одлука на финансиската комисија на УЕФА во една од наредните три години, во кои преку првенството ќе избори пласмна во европските купови, нема да може да игра европски натпревари.

Финансиската комисија на УЕФА поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј на една година го исфрли фудбалскиот клуб Партизан од европските купови. Како што пренесуваат српоските медиуми се работи за сума од 2,5 милиони евра која ја должи српскиот клуб.

Медиумите пренесуваат дека во Партизан не биле загрижени од одлуката на УЕФА, со образложение дека се работи за условна казна и дека суспензијата нема да биде активирана доколку клубот до 31 јануари уплати 360.000 евра.

Поради слични проблеми УЕФА ја суспендира Црвена Звезда на една година, кога клубот ја освои шампионската титула во Србија.

Проверете

Ова не е игра за црвен, ова е игра за в затвор (видео)

Симус Колмен од Република Ирска доживеа стравична скршеница после пеколниот старт на Нил Т…