Дома Останати Кошарка Удар за Шпанија: Љуљ се повреди – го пропушта Евробаскетот!

Удар за Шпанија: Љуљ се повреди – го пропушта Евробаскетот!

0 секунди
0
126

Шпанската кошаркарска репрезентација се соочува со големи проблеми, откако остана без еден од клучните кошаркати, Серхио Љуљ, кој нема да биде во можност да настапи на Европското првенство поради повреда.

Плејмејкерот на Реал Мадрид доживеа тешка повреда на пријателскиот натпревар со Белгија, кој Шпанија го загуби со 71:89.

Љуљ на мечот со Белгија ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото поради што ќе паузира од шест до девет месеци.

„Ќе се вратам“, порача на „Твитер“ играчот на Реал кога дозна колкава пауза го очекува.

Европското првенство ќе се одржи од 31 август до 17 септември.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Кошарка

Проверете

Потег за РЕСПЕКТ: Додека другите пливаа тој оддаде почит на жртвите во Барселона!

За потегот на шпанскиот пливач на 200 метри, Фернандо Алварез, веројатно долго ќе се збору…