Дома Трансфер зона Тери заминува од Челзи и останува во Премиер лигата!

Тери заминува од Челзи и останува во Премиер лигата!

0 секунди
0
410

Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека легендарниот капитен на Челзи би можел да ја продолжи кариерата во друг клуб од Премиер лигата.

Имено, екипата на Бурнмаут го сака Џон Тери во своите редови и веќе испратиле официјална понуда до Челзи за позајмица до крајот на сезоната.

Тери не добива минутажа кај Антонио Конте, а сега со враќањето на Курт Зума неговата шанса за настап додатно ќе се намали, па Бурнмаут сака да ја искористи таквата ситуација.

И покрај тоа што ретко игра, Тери тешко дека ќе си замине, бидејќи Челзи е лидер во првенството, а Тери на крајот од сезоната може да го крене шампионскиот пехар.

Проверете

ПСЖ му нуди интересна трампа на Челзи!

Француските медиуми пренесуваат дека раководството на Пари Сент Жермен е заинтересирано за…