Дома Останати Тениска „бомба“: Бекер нов тренер на Федерер!?

Тениска „бомба“: Бекер нов тренер на Федерер!?

0 секунди
0
842

Борис Бекер неодамна ја раскина соработката со Новак Ѓоковиќ, а медиумите најавуваат дека постојат големи шанси од 2017 година да му биде тренер на најтрофејниот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер.

Швајцарските медиуми пишуваат дека славниот Германец по прекинот на соработката со Новак Ѓоковиќ би можел да биде главен тренер на Роџер Федерер.

„Србинот и понтаму ќе биде главна препрека за Роџер на патот до Гренд Слем титулата. Зар не би било фантастично Бекер да му помогне на Федерер да стане најстариот играч кој ќе стигне до трофејот на лондонската трева“, пишуваат швајцарските медиуми.

Сепак, не треба да се заборави дека помеѓу Бекер и Федерер избиваа разни непријатни ситуации во 2016. година. Во својата книга дури напиша и дека Швајцарецот никогаш не би заработил толку пари кога на светот би му го покажал своето вистинско лице.

Поради тоа во овој момент е тешко да се замисли дека после се би можело да дојде до некаква соработка.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Останати

Проверете

Жребот за АО: Мари почнува со Марченко, Ѓоковиќ со Вердаско

Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на Австралија Опен ќе ја започне против Шпанецот Ферна…