Дома Останати Тенисер доби 7-годишна суспензија поради местење на натпревари

Тенисер доби 7-годишна суспензија поради местење на натпревари

2 секунди
0
828

Австралискиот тенисер Ник Линдал поради местење на мечеви доби седумгодишна суспензија и парична казна од 35.000 долари.

Единицата за интегритет во тенисот (TIU), соопшти дека Линдал планирал да намести меч на турнирот во Тувумба, Австралија.

28-годишниот Линдал, планирал да ја оживее кариерата која ја заврши во 2013 година. Со суспензијата тој нема да може да посетува било какви настани поврзани со тенисот во наредните седум години. Најдобар пласман во кариерата на АТП листата на овој Австралиец му беше 187-то место.

Во споменатиот инцидент учествувале уште двајца тенисери од Австралија Брендон Валкин и Исак Фрост. Првиот е суспендиран на шест, а вториот на 13 месеци.

Последните случувања доаѓаа по големиот скандал во Австралија и обвинувањата дека 18-годишниот јуниорски шампион на грен слемот во Мелбурн, Оливер Андерсон, бил вмешен во местење на мечеви.

Австралиските власти водат опсежна истрага поради сомнежите за нечесните работи во тенисот, а досега биле испитани 350 тенисери.

Проверете

Хамилтон неприкосновен во квалификациите – има пол-позиција во Мелбурн

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе тргне од првата стартна позиција на трката за Голема…