Дома Трансфер зона „Старата дама“ на шопинг во Валенсија

„Старата дама“ на шопинг во Валенсија

0 секунди
0
1,260

Според последните информации кои пристигнуваат од Апенините, Јуве се откажа од Дармиан и се фокусира на доведувањето на Португалецот од Валенсија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека шампионот на Италија е заинтересиран за Жоао Кансело.

Со неговото доаѓање би се пополнила дупката на десниот бек по заминувањето на Дани Алвеш во ПСЖ, пишува „Calciomercato“. Кансело е во Валенсија од 2015. година и важи за еден од најталентираните играчи во светот на својата позиција. Неговата цена на пазарот се проценува на околку 25 милиони евра.

Јуве за сериозен конкурент ќе го има Тотенхем, кој остана без Кајл Вокер ова лето, но „Старата дама“ смета и на добрите односи со „лилјаците“, со тоа што веќе постигнаа еден договор ова лето.

Потсетуваме дека долгогодишната резерва на Буфон, Нето се пресели во Валенсија.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона добива силна конкуренција: Реал, Челси и Арсенал, кој ќе исплати прв 40 милиони?

Младиот стопер на Ница, Маланг Сар зимата првпат се најде во центарот на вниманието на Бар…