Дома Совети за одговорно обложување

Совети за одговорно обложување

Најголемиот број на играчи на спортското обложување, казина и останати игри на среќа играат умерено, во смисла на забава. Меѓутоа, шаблонското однесување при одредени човечки навики (како што е пазарење, спортување, прекумерно јадење, пиење алкохол итн. за некои луѓе може да стане проблем. Од тие причини, и постојаното учество во игрите на среќа кај одредена мала група на луѓе може да води до голем проблем, т.н. зависност од обложување.

За таа цел, како најдобра можна поддршка, ние се грижиме за нашите клиенти со препораки за „Одговорно играње и обложување”, и упатување на совети од меѓународни институции.

Самоконтролата е најдобра форма на превенција од зависност!
Конечната одлука и одговорноста за обемот на обложувањето и сумите на уплата би требало да лежи кај самиот играч.

Ви нудиме и основни правила и совети за одговорно уживање во обложувањето. Со следење на овие правила, Вие ќе бидете во можност да уживате во обложувањето, без тоа да ви создава никакви непријатности:

  • Играј само кога си опуштен и концентриран.
  • Паузирај одвреме-навреме.
  • Одреди го својот месечен буџет за обложување однапред. Сето ова можете да го поставите на нашата интернет страница.
  • Подоцна, не ја зголемувајте максималната граница која претходно сте ја одлучиле за себе и вашето обложување.
  • Пред да почнете да се обложувате, одлучете ја сумата на евентуална добивка по која ќе го прекинете обложувањето.
  • Претходно одлучете колку максимално може да биде вашата евентуална загуба.
  • Никогаш не се обложувајте под дејство на медикаменти или алкохол.
  • Никогаш не се обложувајте кога се чувствувате депримирано.

 

Што е проблематична навика при обложување?

Проблематична навика при обложување се дефинира како навика која ја поткопува егзистенцијата, работата, финансиската состојба или здравјето на една индивидуа, односно неговото семејство. Ова значи дека постојаното и долгорочно обложување не е соодветно ниту препорачливо во однесувањето на една личност и може да има негативни последици.

Кога навиката за обложување треба да се прифати како проблематична или како зависност?

Дијагностицирањето на проблематичните навики при обложување може да биде направено само од соодветни обучени специјалисти. Сепак, на оваа страница можете да најдете совети и тестови кои ќе ви овозможат да го процените своето лично однесување и обложувачки навики.

Најголемата опасност лежи во фактот дека е лесно да се премине тенката граница помеѓу уживање и зависност при обложувањето. Сепак, постојат одредени сигнали на предупредување кои можат да најават дека постои проблем. Доколку најмалку пет од долунаведените карактеристики можат да се препознаат, тогаш значи дека веќе има сериозен проблем со зависност од обложување.

  • Играчот е длабоко навлезен во игри на среќа со шанси за добивка. Тие шанси постојано потсвесно влечат и го тераат да игра повторно.
  • Висините на облозите стануваат сè поголеми и поголеми.
  • Обидите играчот да се контролира односно откаже од понатамошно обложување се неуспешни.
  • Играчот станува нервозен и фрустриран после обидот да се намали обемот на обложувањето.
  • Обложувањето и коцкањето се смета како излез од проблемите во реалноста.
  • Играчот се обидува да се поврати од загубата, повторно и повторно.
  • Лаже за својата навика за обложување
  • Дејствува нелегално.
  • Со своето однесување ги губи своите пријатели или работата.
  • Се потпира на други луѓе кои парично би му помогнале да се обложува и натаму.

 

Зависноста од обложување ја третираат многу светски организации. Сите тие нудат советување на лица кои се зависни од игрите на среќа. На следниве линкови ќе пронајдете организации кои се занимаваат со таа тематика:

http://www.gamcare.org.uk/

Head Office
2nd Floor
7-11 St John’s Hill
London
SW11 1TR

Fax: 020 7801 7033

Email: info@gamcare.org.uk

Коментарите се заклучени