Дома Македонски спорт „Скопје трча 10 км“ ќе се одржи на 8-ми октомври

„Скопје трча 10 км“ ќе се одржи на 8-ми октомври

0

Во организација на „Виз Ер Скопски маратон“, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт во Скопје на 8 октомври ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10 км“.

„Скопје трча 10 км“ е нов спортски настан, кој ќе овозможи дополнителна шанса за спорт и рекреација на нашите граѓани. Во соработка со „Виз Ер Скопски маратон“ го подготвуваме овој значаен спортски настан за љубителите на трчањето, за да ги развиеме здравите навики кај младите. Трката на 10 километри ќе се одржи на 8 октомври, низ улиците на Скопје, во пресрет на 11 октомври, Денот на востанието“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

„Свесни за трчањето како спортски општествен феномен кој завзема значаен дел од животот на спортистите, рекреативците и обичниот човек, решивме да го пополниме мозаикот со уште една квалитетна трка со која сакаме да придонесеме, трчањето да добие уште повеќе на масовност и квалитет. Очекуваме трката да прерасне во традиционален и меѓународен настан“, истакна Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.

Тој изрази голема благодарност до Агенцијата за млади спорт за поддршката што ја дава за овој настан.

Пријавувањето почна на 15.09.2017 година и секој кој е заинтересиран за регистрација може да ја посети официјалната веб страна: http://www.skopje.run/.

Стартот и целта ќе биде на улица „Илинденска“ и секој што ќе ја заврши трката ќе добие медал-финишер, предвидни се: награден фонд, лотарија и добра забава за сите присутни на овој настан. Стартот на трката е во 9 часот, а покрај трката на 10 километри ќе има и штафетна трка 2 х 5 километри.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Македонски спорт

Проверете

Победа му го нанесе вториот пораз на актуелниот шампион Вардар

Победа оствари триумф во рамки на денешниот меч од ПМФЛ против Вардар. На тешкиот терен на…