Дома Луд Спорт Сицилија е тоа: Тренерот дошол на тренинг со пушка и им се заканил на фудбалерите!

Сицилија е тоа: Тренерот дошол на тренинг со пушка и им се заканил на фудбалерите!

0

Поранешниот италијански репрезентативец Амаури после 11 години мочење откри шокантен детал од тренингот на Палермо пред натпреварот во УЕФА купот против Вест Хем 2006 година.

„Никогаш нема да заборавам што се случи тој ден. Се спремавме за натпреварот против Вест Хем, а Гвидолин влезе во соблекувалната со пушка. Ја впери во сите нас и ни се закани дека ќе не убие ако не ги згазиме на терен“, раскажува Амаури.

„Неодамна се видов со Фабио Симплицио и се присетивме на тоа, убаво се смеевме. Меѓутоа, во тој момент воопшто не ни беше сеедно“, додава натурализираниот Италијанец.

„Тактиката“ на Гвидолин вродила со плод, Палермо го декласираше Вест Хем со 3:0 и се пласираше во следната рунда од натпреварување.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Луд Спорт

Проверете

Иван Класниќ доби нов бубрег

На поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ изминатата ноќ во Загреб му беше успе…