Дома Актуелно Се отворија картите: Позната новата дестинација на Пако Алкасер?!

Се отворија картите: Позната новата дестинација на Пако Алкасер?!

0

Напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер во јануари би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Иако е платен повеќе од 30 милиони евра во 2016. година, Пако не се покажа како вистинска замена за Луис Суарез, па Барселона бара замена за него.

Новата дестинација на Алкасер би можел да биде Саутемптон. Англиските медиуми тврдат дека „Светците“ сериозно се заинтересирани за негово пристигнување и ќе се обидат договорот да го направат во јануари.

Пако би бил идеално решение за нападот на Пелегрини, кој оваа сезона се соочува со слаба завршница. Саутемптон, шпанскиот напаѓач сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната со опција да го откупи во целост на крајот од сезоната.

Алкасер како расен голгетер стигна во редовите на каталонскиот великан. Сепак, за година и половина постигна шест погодоци, а оваа сезона се уште не се запиша во листата на стелци.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Актуелно

Проверете

ФОТО на денот: Кошаркарот на Кливленд се моли за Хејворд!

На никого не му беше до кошарка после страшната повреда на Гордон Хејворд. За жал двата од…