Дома Фудбал Англија Руни: Гол за победа на „Гудисон“ – магија!

Руни: Гол за победа на „Гудисон“ – магија!

0 секунди
0
587

Фудбалерот на Евертон, Вејн Руни истакна дека за него постигнувањето на победничкиот гол на „Гудисон Парк“ е посебен момент и додаде дека е важно тоа што неговиот тим ја стартуваше новата сезоната во Премиер лигата со победа.

„Постигнувањето на победничкиот погодок на „Гудисон“ е магија. Да се игра за овој клуб за мене е голема работа“, истакна Руни за британските медиуми.

„Првите натпревари во сезоната секогаш се тешки, бидејќи екипата го пронаоѓа својот ритам. Имаме пред нас неколку тешки натпревари, така што е важно што добро стартувавме“, истакна Руни, кој ова лето се врати во Евертон по 13 години минати во Манчестер Јунајтед.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Англија

Проверете

Крај на сагата: Насри заминува во Турција

Некогашниот француски репрезентативец, Самир Насри кариерата ќе ја продолжи во Турција. На…