Дома Трансфер зона Рома на чекор до две нови засилувања!

Рома на чекор до две нови засилувања!

2 секунди
0
644

Како што пренесуваат италијанските медиуми, управата на Римјаните продолжува со купувањето на играчи ова лето.

Ги продадоа Мухамед Салах (Ливерпул), Леоардо Паредес (Зенит), Антонио Рудигер (Челзи) и Федерик Ричи (Сасуоло), а од сите тие заработија околку 110 милиони евра. Добро им оди и во купувањето, до сега во клубот пристигнаа Рик Карсдроп (Феенорд), Лоренцо Пелегрини (Сасуоло), Хектор Морено (ПСВ), Максим Гоналон (Лион) и Ченгиз Ундер (Башакшехир).

Има уште пари во касата на „Волчицата“, па наскоро на „Олимпико“ би требало да пристигнат уште неколку засилувања. Имено, блиску до премин во редовите на Рома се наоѓа напаѓачот на Сасуоло, Грегоар Дефрел, како и дефанзивецот на ПСВ, Јетро Вилемс.

Францускиот напаѓач е голема желба на Еузебио ди Франческо, бидејќи младиот италијански стратег минатата сезона со него работеше во редовите на Сасуоло. Италијанците пишуваат дека целиот трансфер би можел да биде реализиран во следните 24 часа, додека Рома за неговите услуги ќе мора да плати 20 милиони евра.

Најверојатно Дефрел ќе пристигне на едногодишна позајмица, додека Рома ќе има право да го октупи неговиот договор по истекот на краткорочната соработка.

Кога станува збор за Вилемс, холандскиот фудбалер извесно го напушта ПСВ, како што беше објавено и на официјалниот сајт на клубот од Ајндховен.

Не беше откриено каде ќе ја продолжи кариерата, се споменуваат германскиот Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт, но италијанските медиуми веруваат дека најблиску до потписот на левиот бек е токму Рома.

Се верува дека за неговите услуги Римјаните ќе мораат да му платат на холандскиот клуб девет милиони евра. Тој со тоа би станал второто засилување на Рома од ПСВ ова лето, бидејќи претходно пристигна и Хектор Морено.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Евертон спреми 45 милиони евра за напаѓач кој веќе има 31 година!?

Евертон ова лето потроши скоро 160 милиони евра на засилувања, но не успеаа да доведат зам…